Мажите кои можат да ви го скршат срцето и да ви го уништат животот најчесто се наоѓаат во овие 3 хороскопски знаци.
Рак
Мажите родени во знакот Рак може да се поделат во две групи – оние кои го сакаат домот, но истовремено се раздразливи, досадни и критични, и оние кои во суштина се пасивни, мрзливи и рамнодушни. Тие вторите најчесто се венчаваат поради интерес – наследство, статус во општеството или одредени животни придобивки.

Дури и кога Рак искрено ја сака својата жена и своите деца, никогаш не чувствува целосно задоволство од семејната состојба. Затоа секогаш ќе најде нешто што ќе стане мета на неговите критики или разочарување.
По правило, Раковите остануваат верни само ако сите нивни потреби се задоволени дома.
Скорпија
Единствениот начин да се создаде хармонична врска со претставник на овој знак е да го следите „слепо“ во сите негови намери.
Скорпиите мразат доминантни жени, традиционални се и сакаат да покажат кој е „газдата“ во куќата. Сепак, тие ја обожуваат жената и децата кои им даваат ветер во грб за да продолжат да градат успешна кариера.
Во срцето на Скорпијата навистина има место за најтопли чувства кон најблиските, но често не знаат како да ги изразат. Можете да создадете успешен брак со него, но треба да бидете подготвени да ги исполнувате неговите желби – и во кревет и надвор од него.
На овој тип мажи му е потребна мудра и тактична жена. Бидете подготвени дека ќе ги забележи сите ваши недостатоци, несовршености и слабости.
Стрелец
Стрелецот има огромно интересирање за сè што го опкружува и сака да учествува во секое случување – често на штета на домот и семејството.
Животот со оваа личност не е толку тежок, но поради недостаток на стабилни чувства и неговата нетрпеливост кон работи што му ја ограничуваат слободата, партнерката ќе мора постојано да ги проширува своите видици за да не му стане монотона.





