КУЛТУРА

#СкрозЈас приказна Мартина Рмуш: „Kреативноста е начин на размислување – ја изразувам и на работното место во dm и во моите уметнички дела“!

„Создавањето креативни дела, не е само хоби, туку целиот процес ми е многу медитативен – буквално не ги чувствувам саатите како поминуваат од што сум внесена во тоа што го правам “ вели уметницата Мартина Рмуш која работи во секторот за маркетинг и комуникации во компанијата dm drogerie markt.

IMG 8145

Нејзините дела кои се изложени во неколку урбани локали во Скопје, не може да поминат незабележливо. Вибрантните бои и движења на четките во уметничките творби е нејзиниот потпис.

IMG 5387

Креативна и комуникативна, нејзината приказна е 100% компатибилна со #СкрозЈас иницијативата на dm која повикува секој да ја слави својата автентичност, да го слуша својот инстинкт и ги охрабрува уникатните особини и вештини кои секој од нас ги поседува. Деловниот свет во кој Мартина ја гради својата професионална кариера воопшто не ја спречува и понатаму да ја истражува својата креативност и своите идеи и емоции да ги пресликува на уметничкото платно.

IMG 3675 rotated

Уметноста за мене е простор каде што можам слободно да го изразам мојот внатрешен свет – боите, формите и емоциите што ме инспирираат секојдневно. Дури и кога сум оптоварена со деловните обврски , цртањето ми дава момент на слобода и баланс, ми дозволува да се поврзам со себе и со светот околу мене. За мене, креативноста е начин на размислување, но и на изразување, ја носам и на работното место во dm и во мојата уметност, и на тој начин секој ден станува можност за нови идеи и креации“ ни сподели Мартина.

CF99BA2A EB49 4CE8 BCFF 23C77D9E98CC

Нејзиниот уметнички профил не може да се дефинира со прецизни, строги и крути линии или со претходно дефинирани скици и планови. Таа се опишува себеси како freestyle уметник кој ги впива во себе вибратните бои и  разиграните форми со кои што се среќава во раздвиженото секојдневие. Мартина ги објавува своите дела на Инстаграм профилот @cameloon_studio, од каде и се запознавме со нејзините дела. Автентична девојка со космополитски дух обликуван од патувањата низ светот, од средбите со различни култури и традиции, но и од нејзината искрена желба за едукативен и креативен дијалог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🍸 (@martina_rmush)

Како екологист во душа, за своите дела Мартина ја црпи инспирацијата од природата која настојува да ја вгради во секое свое апстрактно дело, не само преку мотивите, туку и преку материјалите што ги користи. Иако нема формално ликовно образование, над 1000 уметнички дела се со нејзин потпис. Најчесто слика со акрил на платно или со мермерни мастила на вода, а сè почесто експериментира и со мозаик и колаж, како и со употреба на рециклирани материјали.

Покрај личното творештво, организира и креативни работилници за млади, поттикнувајќи ги да создаваат дела од одржливи и рециклирани материјали, затоа што верува дека уметноста може да инспирира одговорен пристап кон природата.

5A269C75 B98C 4D97 8B9F 0BBDC71E153D

Досега нејзините дела биле изложени на девет изложби, од кои четири се самостојни – меѓу нив и една меѓународна, одржана во шпанскиот град Севиља, познат по фламенгото и уметничкиот дух. Нејзината најголема љубов, се големите платна и муралите – простор каде што нејзината енергија, боја и имагинација најсилно доаѓа до израз.

Со искреноста и страста што ја носи во секој потег на четката, Мартина ја претвора својата автентичност и креативност во боја и форма, искрено отсликувајќи го своето вистинско #СкрозЈас.

Напишете коментар

Back to top button