Компанијата dm дрогерие маркт со гордост учествуваше на годинешната женска конференција „Profemina“ организирана од магазинот ,,Убавина и здравје“ , која се одржа на 23 октомври во хотел „Холидеј Ин“, од 9:30 до 17:30 часот. Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев, од секторот за маркетинг и комуникација во dm, беше говорник на панелот „Помалку совршена, повеќе вистинска: Совршеноста избледува, aвтентичноста останува” заедно со тв-водителката Цецe Николова, тату-артистката Ирина Атанаскова и НЛБ мастер и коуч Весна Алексовска. Во нивните и излагања и дискусии пред многубројната женска публика, панелистките отворија искрен разговор за автентичноста, убавината на несовршеноста и мирот што доаѓа кога живееме во хармонија со себе.

„Денешното општество често поставува нереални стандарди за тоа како треба да изгледаме или да се однесуваме. Но, вистинската сила лежи во тоа да бидеме искрени кон себе, да бидеме #СкрозЈас – со сите свои несовршености. Токму тоа е пораката што сакаме да ја пренесеме и преку нашите проекти во dm – дека секоја жена е убава и силна, токму таква каква што е,“ изјави Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев.

Панелистките дискутираа на важни теми поврзани со високите општествени стандарди кои ни се наметнуваат и притисокот да се вклопиме во одредени рамки на однесување, при што претставничката на dm ја истакна иницијативата #СкрозЈас која претставува платформа на која секој може да ја раскаже својата единствена приказна, да инспирира и да охрабрува бидејќи секој од нас заслужува да биде свој, да биде слушнат и да биде виден.

Покрај ова, сите присутни имаа можност да го посетат и Bestie катчето, каде можеа да се фотографираат, да создадат спомени, да дознаат повеќе за менструалното здравје и хигиена и да добијат Jessa подарок.

Преку овие активности, dm drogerie markt докажува дека жените имаат вистинска поддршка, вкоренета во секојдневната работа и културата на компанијата – каде што автентичноста, грижата и заедништвото се нивно секојдневие.





