Може ли Ким Кардашијан, по рекордниот број модни шокови, повторно да ја заинтригира јавноста со својот стил? Без разлика дали станува збор за креативноста на дизајнерите или нејзината сопствена имагинација и храброст да облече буквално сè, одговорот е – да. Фустанот што го носеше синоќа на роденденската забава во Париз тоа најдобро го докажува.

Ким славеше во друштво на семејството и пријателите, меѓу кои беше и актерката Тејана Тејлор. Овој пат, ѝ довери целосна креативна слобода на култната модна куќа Givenchy, која дизајнираше фустан во стил на грчка божица – изработен од бел тул и метален корсет во златна боја.
View this post on Instagram
Корсетот максимално ги истакнува нејзините гради, а острите врвови дополнително го нагласуваат деколтето. Белата ткаенина е минимално искористена, бидејќи здолништето е екстремно кратко – доволно само за да може комбинацијата да се нарече „фустан“.
Белите ленти и деталите од ист материјал околу рацете придонесоа изгледот да задржи доза на елеганција, но провокативните елементи се тие што доминираат.

Ким потсетуваше и на грчка божица и на модерна воинствена жена. Имајќи го предвид нејзиниот помпезен начин на претставување низ годините, ваквото впечатливо модно издание не е никакво изненадување.
Ако би кажала што навистина мисли за себе, веројатно би се споредила со божица на универзумот. Каков став – таков и фустан. А познавајќи ја, веќе утре веројатно ќе надмине и ова модно издание.





