МАГАЗИН

КОГА СЕ РАЃА МАКЕДОНЕЦ! Нов патриотски проект на Ѓоко Јовиќ за големиот ден „11 Октомври“

Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ објави нов патриотски филм со наслов „Кога се раѓа Македонец“ токму денеска, на 11 октомври, кога го одбележуваме денот на народното востание против фашизмот.

Ѓоко Јовиќ

Инспирирани од македонската традиција и борба на Македонецот за да се избори за својата територија и опстанок, во првиот дел од проектот јавноста ќе види играна програма со сцени како од шпанска криминална серија снимена за Нетфликс, а во неа се појавуваат и тигри од специјалната единица „Тигар“.

Во вториот дел, песна со патриотскиот текст на Темелко Андреев испеан од златните грла на Ѓоко Јовиќ и Јована Богданоска ќе допре до срцето на секој Македонец.

Во продолжение погледнете го новиот проект. Нека ни е честит „11 Октомври“!

https://youtu.be/BJOM3JSCxZI?si=CKw-a4viBsiDheF3

Напишете коментар

Back to top button