ОВЕН
Работа: Меркур и Марс во Скорпија ви носат нестабилен почеток на месецот, што значи дека работите на работа не се такви какви што изгледаат. Очекувајте тајни потези и бидете мудри, без импулсивни реакции. Јупитер во Рак ви носи убави вести поврзани со домот, а Венера на почетокот од октомври во Вага укажува на зголемување на приходите. Полната Месечина во вашиот знак означува крај на проблем кој беше актуелен со недели.
Љубов: Венера во Вага ви носи запознавање со личност која е атрактивна, можеби и позната во јавноста. Под влијание на Марс во Скорпија може да почувствувате засилена љубомора кон личностите кои ви значат. Потребно е да работите на смирување на страстите за односите да бидат постабилни. Добар период за подобрување на односите со семејството.
Здравје: Осетливо.
БИК
Работа: Почетокот на октомври носи нови деловни можности, но Марс во Скорпија ви носи непријатна комуникација, особено со соработници. Ако имате деловен партнер, можно е несогласување и судир на ставови. Јупитер во Рак ви носи подобри преговори и кратки патувања. Можно е работа на повеќе проекти одеднаш, но тоа ќе биде и напорно.
Љубов: Марс во Скорпија во текот на октомври носи испади, кавги, љубоморни сцени и посесивност во односите. Партнерот може да направи потег кој ќе предизвика вистинска бура. Биковите во брак ќе имаат проблем со смирување на страстите. Слободните Бикови ќе флертуваат со личност која е мистериозна, но моќна.
Здравје: Послабо.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Марс и Меркур во Скорпија ви носат повеќе обврски, но и тензии на работа. Можно е компликации во односите со колегите. Јупитер во Рак обезбедува одлична заработка, не само во октомври, туку и до крајот на годината. Работата ќе ви биде приоритет во првата половина на месецот, па секој проблем ќе го доживувате премногу лично. Ќе бидете креативни, но со чувство дека немате доволно простор да го покажете својот потенцијал.
Љубов: Венера во Вага и Јупитер во добар аспект ви носат повеќе излегувања и забава. Поволен е момент за започнување заеднички бизнис со партнер. Слободните Близнаци може да остварат ново познанство на јавно место. Сепак, премногу ќе бидете окупирани со работа, но обидете се да најдете време и за љубов.
Здравје: Слабo.
РАК
Работа: Влегувањето на Марс во Скорпија ви носи враќање на самодовербата и налет на среќа за разлика од септември. Креативноста е зголемена, а вашите идеи можат да ја подобрат работата. Некои Ракови ќе започнат сопствен бизнис. Одличен месец за покажување на потенцијалот и напредок на сите полиња. Можно е заработка од купопродажба на недвижности.
Љубов: Иако Венера е во Вага, што не ви одговара, планетите во Скорпија носат силни страсти и судбински средби. Ако сте слободни, можете да започнете страствена романса. Некој ќе размислува опсесивно за вас, а вие конечно ќе бидете подготвени емоционално да се препуштите. Раковите кои сакаат проширување на семејството можат да го искористат октомври.
Здравје: Одлично.
ЛАВ
Работа: Влегувањето на Марс во Скорпија ќе ви ги замрси работите во октомври, бидејќи ќе имате семејни грижи кои ќе влијаат и на работата. Обид за започнување сопствен бизнис ќе ви падне тешко и нема да мине без компликации. Октомври е поволен за кратки патувања, комуникација и завршување документи. Сепак, ќе имате впечаток дека ви недостига енергија за секој проект.
Љубов: Венера во Вага укажува на флерт преку пораки, но Марс во Скорпија засилува тензии. Сè ви пречи и лесно се вознемирувате. Многу Лавови ќе имаат влошени роднински односи што ќе влијаат и на емоциите. Некои Лавови ќе размислуваат за преселба.
Здравје: Слабo.
ДЕВИЦА
Работа: Почетокот на октомври ви носи одличен момент за заработка. Под влијание на затемнувањето кое се случи во вашиот знак, сигурно е дека ќе свртите нов лист во животот. Марс во Скорпија ви носи важни преговори и завршување документи. Јупитер во Рак може да ви помогне да добиете нешто заслужено. Финансиската ситуација ќе биде постабилна отколку во септември.
Љубов: Ретроградниот Сатурн се врати во Риби, па затворате старо поглавје во љубовта. До февруари 2026 имате можност да ја оставите минатото зад себе и да бидете подготвени за нова личност. Зафатените Девици ќе имаат многу разговори за односите, но ќе бидат и комплицирани.
Здравје: Добро.
ВАГА
Работа: Сезоната на вашиот знак ви носи убав почеток на месецот. Под влијание на Марс во Скорпија имате шанса за голема заработка преку ново партнерство. Сепак, ретроградниот Сатурн во Риби враќа стари проблеми, па ќе мора да се вратите чекор назад за да ги решите. Октомври ви носи добри можности.
Љубов: Марс во Скорпија укажува дека приоритет ќе ви бидат работата и парите. Но, влегувањето на Венера во вашиот знак носи можност за нова љубов, па многу нешта ќе се случуваат истовремено. Ќе бидете еден од најшармантните и најпривлечните знаци во октомври.
Здравје: Одлично.
СКОРПИЈА
Работа: Марс во Скорпија ви носи неверојатна енергија во октомври. На работа ќе покажете кој е „главен“. Сè што ќе работите има шанси да успее. Одличен период за усовршување и излегување од конфузната фаза.
Љубов: Венера во Вага носи тајна љубов. Некои Скорпии ќе бидат во дилема меѓу две личности. Марс во вашиот знак ви дава страст и моќ да освоите кого сакате. Ќе ве привлекува мистериозното и далечното, па нема лесно да ги покажувате чувствата.
Здравје: Добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Венера во Вага ви носи добри вести преку пријатели во врска со работа. Можно е да добиете шанса „преку врски“. Но, поради влијанието на Меркур и Марс во Скорпија ќе имате чувство дека ништо не е онакво какво изгледа, па ќе ги чувате целите за себе.
Љубов: Марс и Меркур во Скорпија укажуваат на тајна љубов или личност која потајно ќе има чувства кон вас. Таа ќе биде мистериозна и привлечна. Очекувајте средба на затворено место. Венера во Вага ви носи повеќе дружење и можност пријателство да прерасне во љубов.
Здравје: Психолошки проблеми.
ЈАРЕЦ
Работа: Работата ќе ви биде примарна во октомври, но ќе ја издржите со леснотија, благодарение на Марс во Скорпија. Ќе имате поддршка од пријатели „од сенка“ во вашата кариера. Финансиски, имате шанси за голема заработка преку нови технологии или вештачка интелигенција. Октомври ќе биде постабилен месец, иако ќе се двоумите за некои одлуки.
Љубов: Сатурн се врати во Риби, па се отвораат стари теми во односите. Време е да затворите старо поглавје до февруари 2026. Слободните Јарци ќе бидат привлечени од амбициозна личност на работа. Емоционални сте и сетни, но криете чувства.
Здравје: Подобро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Марс во Скорпија до 4 ноември ви носи многу „ниски удари“ на работа. Ќе имате тајни непријатели, па мора да бидете внимателни и тактични. Октомври ви носи тензии и ситуации во кои нема да знаете како да реагирате. Можно е дополнително усовршување.
Љубов: Работата силно ќе влијае на вашето емотивно расположение. Не дозволувајте луѓето од работа да влијаат врз вашата љубов. Слободните Водолии ќе размислуваат за патување или средба со личност од странство. Зафатените ќе имаат многу расправии поради обврски.
Здравје: Послабо.
РИБИ
Работа: Ретроградниот Сатурн во вашиот знак носи тежина и стари проблеми. Ќе имате енергија да се борите со нив, благодарение на Марс во Скорпија. Очекувајте финансиска стабилизација, бидејќи непланираните трошоци ќе се намалат.
Љубов: Меркур во Скорпија ви носи посебен однос со партнер заснован на доверба. Сатурн во вашиот знак најавува „емоционално чистење“ – луѓето што не ви припаѓаат ќе исчезнат од вашиот живот. Рибите кои сакаат проширување на семејството можат да го сторат тоа со поддршка од Јупитер во Рак.
Здравје: Слабo.