За жените со бујни гради сексот понекогаш може да биде предизвик, бидејќи градите знаат да го отежнат движењето. Ова се неколку предлози за пози кои би можеле да им одговараат во согласност со нивните атрибути.
Да се знае кои сексуални позиции најмногу ви одговараат може да биде клуч за поинтензивно и поисполнето искуство.
Следниве позиции се само предлози – важно е да правите она од кое се чувствувате добро.
Секс од страна
Положбата на страна е одлична ако имате големи гради, бидејќи можете едноставно да се опуштите без дополнителен напор во грбот или вратот. Всушност, му овозможува на вашиот партнер да ги масира или милува тие области.
Вашиот партнер може да го прилагоди своето тело така што ќе биде под поголем агол, наместо сосема паралелно со вашето. Тој може да ја потпре горната половина на своето тело кон вас, ставајќи ги нозете меѓу вашите.
Друга можност е да ја подигнете ногата – свиткана во коленото или насочена нагоре. Тоа му овозможува да ја држи вашата нога и да ви се доближи за полесна пенетрација.
Девојка одозгора (каубојка)
Каубојката е поза која многумина се плашат да ја пробаат, но кога ќе го направат тоа, признаваат дека навистина уживаат. Овој сексуален положај е идеален затоа што вашиот партнер лежи на креветот, а вие можете горе да правите што сакате.
Ставете неколку перници под неговите колкови за подобар агол. Каубојката е совршена поза за да можете да обрнете внимание и на брадавиците и да останете возбудени.
Обратна каубојка
Мажот лежи на грб, а жената е одозгора како и во претходната поза, но со лице свртено кон неговите стапала.
Жената може да се потпре на колената на партнерот за стабилност, ако е потребно, и да почне да се движи горе-долу, одредувајќи колку длабока ќе биде пенетрацијата при секое движење.
Оваа поза, која може значително да го подобри вашиот сексуален живот, воедно помага и при согорување на калории.
Доги поза
Доги позата е одличен избор за жени со големи гради бидејќи тие не пречат, а партнерот навлегува од позади.