МАКЕДОНИЈА

Јубилејно издание на Lake Ohrid SUP Crossing 2025: 125 учесници од 19 земји и нови рекорди

По петти пат успешно се одржа јубилејното издание на „Lake Ohrid SUP Crossing“ (L.O.S.C.), кое оваа година собра рекордни 125 учесници од 19 различни земји. Настанот уште еднаш го потврди Охрид како центар на авантуристичкиот и воден спорт во регионот.

Во професионалната трка од 23 км, доминираа учесниците од Грција:

Кај мажите победи Никитас Цанакис со време од 2h26m, со што постави и нов рекорд на оваа дистанца.

Кај жените триумфираше Раула Пападимитриу со резултат од 3h08m.

Во категоријата трка со даски на дување, најдобрите резултати ги постигнаа:

Руди Ван Хевен од Австрија (3h07m) кај мажите.

Ангела Кер од Англија, која не само што победи кај жените, туку и го сруши претходниот рекорд со неверојатни 3h14m.

Организаторите со задоволство истакнуваат дека сите веслачи успешно ја завршија трката без потешкотии и без ниту едно откажување.

📸 Фотографии од Долгата трка (Св. Наум – Охрид):
👉 [ДОЛГА ТРКА (LONG-DISTANCE RACE) – СЛИКИ]

Оваа година, настанот првпат траеше два дена, а новитет во програмата беше Техничката трка, одржана пред легендарниот хотел „Бисер“ во манастирскиот комплекс Калишта. Тука елитните веслачи на најдобар начин го прикажаа спортот и понудија вистинско уживање за публиката.

📸 Фотографии од Техничката трка (Калишта – Хотел Бисер):
👉 [ТЕХНИЧКА ТРКА – СЛИКИ]

Напишете коментар

Back to top button