Денес православната црква го одбележува Преносот на моштите на Свети Атанасиј Велики, еден од најголемите столбови на православието и непоколеблив борец за вистинската вера.
Свети Атанасиј бил архиепископ Александриски, богослов, црковен учител и бранител на никејската вера против аријанската ерес. Неговата мудрост и духовна сила го направиле еден од најпочитуваните светители во историјата на Црквата. Починал на 2 мај 373 година, а неговите мошти биле пренесени на 15 мај, ден што денес го славиме со особена благодарност и почит.
Неговото дело е синоним за непоколеблива вера, цврстина во вистината и љубов кон Христос.
Нека ни биде пример и молитвеник пред Бога!