Магазин

„Значи, како ти успева, жено? “: Излезе третата епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам“

Како да се биде успешна жена во сите аспекти од вашиот живот : кариера, семејство, пријатели, грижа за себе…? Едно од честите прашања кое го слушаме секојдневно е „Како ти успева жено?“. Темите за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, менталното здравје но, најважно сликата за себе и важноста на улогата и очекувањата од жената во секојдневниот живот се доста актуелни последниве неколку години.

Слушнете ја третата епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам“ во која гостуваат поранешната Мис на Македонија, а денес менаџерка Ана Биновска и адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска.

Овие две деловни жени ги споделуваат тајните за тоа како да бидете успешни и задоволни, и како им успева на некои жени да жонглираат со големиот број обврски што им се наметнати. Ги раскажуваат предизвиците со коишто се соочуваат за да одржат баланс меѓу професионалниот и приватниот живот, родовите стереотипи со коишто секојдневно се сретнуваат, потрагата по перфекционизам и самоприфаќање, но и грижата за себе без чувство на вина и без да се подлегне на наметнати очекувања од околината.

dmPodcast S2E3

Токму таа индивидуалност е фокусот на кампањата #скрозјас која ја пренесува пораката за важноста на прифаќањето себеси, вклучувајќи ги сите свои особини, квалитети, но и несовршености. Во исчекување на следната епизода на dm поткастот „Женски ритам “, споделете, коментирајте на dm профилите на социјалните мрежи за да се вроди што поплодна дискусија за најважните женски теми!

Напишете коментар

Back to top button
close