Turlitava.com

Гледај Светско и грицкај здраво!

Долго го чекавме овој ноември за да почне Светското првенство во Катар, а сега кога конечно е во тек, видовме дека ни нуди многу возбудлив фудбал. Скоро секој ден на програмата има по четири натпревари – а тоа значи дека мора добро да ги изберете грицките  кои „ќе ви прават друштво“ за време на фудбалот, така што тие ќе бидат вкусни и ќе ве заситат, a истовремено ќе носат низа здравствени бенефити.

Утринскиот термин е резервиран за првиот натпревар од 11:00 часот, што значи дека најчесто ќе го гледате за време или веднаш по појадокот. Лесни, мали и слатки оброци се она што ви е потребно за почеток на денот. Па така, баровите со јаткасти плодови се наметнуваат како логичен избор – тие содржат вредни нутриенти и растителни влакна корисни за одржување на здравјето, а притоа се вкусни и можат да се комбинираат во сечиј режим на исхрана. Баровите доаѓаат во повеќе вкусови и претставуваат совршено решение во моментите кога чувствувате дека ви недостасува енергија.

Месецов има фудбал во секое време, а тоа секогаш е повод за собирање со друштвото и заедничко гледање. По ручекот, вообичаено сме заситени и се’ што ни е потребно во остатокот од денот е ужина која ќе ни го држи умот активен, стомакот сит и рацете зафатени. Тука, препорачуваме по една слатка и солена опција. Особено популарен избор се овесните колачи со какао прелив, кои содржат јаткасти плодови и семиња, но не и додадени шеќери. Практичен избор за секој што ужива во благиот вкус, но и одличен избор за поголемо друштво, со оглед на тоа дека доаѓаат во големо пакување.

Солената алтернатива се овесните крекери од Виталиа – кои се комбинираат идеално со омилениот ладен пијалак на секој фудбалски фан.

Овој петок е навистина посебен, бидејќи сега започнува Black Friday Weekend, кој со себе носи и 20% попуст на сите грицки од портфолиото на Виталиа. А сега, надополнете ги залихите и опуштете се, бидејќи оваа зима, никој не може да ви го одземе уживањето во Светското првенство!

Виталиа е вистински пријател на спортот, особено на домашниот. Тоа го докажува и преку заложбата за поддршка и помагање на домашниот спорт, како што е овогодинешното партнерство со ЖФК Скопје. Во месецот на фудбалот, кога Светското првенство е во фокусот, фудбалерките на ЖФК Скопје истовремено се во улогата на играч и навивач, одржувајќи ја формата додека ги поддржуваат своите омилени репрезентации. И во вакви периоди, кога спортот е актуелна тема насекаде, добро е да се потсетиме на важноста на здравата и квалитетна храна и нејзината улога за одржување на здрави животни навики.

За среќа, тука е Виталиа да ни го обезбеди сето она што ни е потребно во денот!

Exit mobile version