Turlitava.com

Дали е здраво да се јадат јајца секој ден?

Многумина од нас јадат јајца секој ден, особено за појадок. Оваа храна е еден од најпопуларните и најприфатливите извори на протеини кои не одржуваат сити и го зголемуваат нивото на енергија.

Сепак, некои тврдат дека постојат можни здравствени ризици поврзани со секојдневното консумирање јајца. Нутриционистот Келијан Петручи ги наведе факторите што треба да ги земеме предвид пред да скршиме јајце за појадок.

Кои се здравствените придобивки од јајцата?
Покрај месото и рибата, јајцата се исто така еден од најдобрите извори на протеини. Тие содржат неколку есенцијални соединенија кои придонесуваат за здрава исхрана. Особено вредна хранлива материја е холинот, кој може да се најде особено во жолчката од јајце.

– Холинот помага да се изградат силни, еластични клеточни мембрани, а високиот внес на холин може да спречи депресија, губење на меморијата и анксиозност – изјави Петручи за „Делиш“.

Исто така, се наведува дека јајцата се добар извор на железо, цинк и витамини А, Д, Б6 и Б12.

Дали е здраво да се јадат јајца секој ден?
Петручи ги отфрла тврдењата за холестерол како застарени митови. „Како што се испостави, јајцата не влијаат значително на вашиот холестерол. И кога влијаат, тоа го прават на добар начин“, истакна таа. Значи, не мора нужно да се грижиме за здравствените ризици поврзани со јадењето јајца секој ден.

Сепак, важно е како ги јадеме. Комбинацијата на јајца со храна богата со заситени масти, како што се сланина и колбаси, може да доведе до здравствени ризици.

Иако овој вид на храна може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и други здравствени проблеми, важно е да се напомене дека овие ризици се поврзани со прекумерното и редовно консумирање.

Exit mobile version