Двајца Црногорци лежат под густа сенка, кога пред нив се превртува автомобил, а од багажникот испаѓа куфер од кој излегуваат куп банкноти од по 100 евра.
Кога го виделе, се погледнале и не им се верувало. Првиот Црногорец му вели на вториот:
– Замисли, ветрот да дувне на нашата страна и оп, богати сме!