Македонија

Уметност без ѕидови: Ново училиште за уметност инспирира млади таленти

Започна како идеја за арт училиште и искрено изгледаше далечна и неостварлива. Меѓутоа во животот никогаш не е вистинско време, па одлучив да почнам, па и самиот процес на креирање на училиште за уметност помина брзо и забавно и така се роди Палета Арт Академија. Целата идеја е да се промовира култура и уметност почнувајќи од рана возраст, бидејќи во материјалниот свет и формалното образование ова всушност недостига.

Палета Арт Академија

Позната и многу вистинита реченица на Пикасо вели: „Секое дете е уметник, проблемот е како да остане уметник откога ќе порасне“.

Уметноста не е само способност и талент, во најголем дел е работа и вежбање. И неоспорливо е докажано терапевтско дејство кај креаторот. Во раната возраст секое дете сака да креира, да црта и бои. Свесна дека овие детски активности често пати се повеќе терет на родителите отколку задоволство решив да создадам катче каде професионално или рекреативно деца и возрасни ќе можат да бидат опуштени да креираат без да се плашат од капките на тепихот. Многу пати дома се започнува со некој креативен проект и секогаш нешто недостасува некоја боја или лепило па се откажуваме, така да замислата е секогаш да имаме каде да се свртиме во целосно опремен простор и да креираме без потешкотии.

Палета Арт Академија

Она што е најинтересно и примамливо ова лето: Летна Креативна Училница за време на летниот распуст низ забава и игра ќе работиме на одржување на концентрацијата на децата, да ги оддалечиме од телефоните, бидејќи во денешниот свет ова е најчест проблем кај децата.

За возрасните главна издишка е програмата Bubble and Brush, еднократни работилници со смирувачка музика и чаша вино.

Палета Арт Академија акцентот ќе го стави врз унапредување на домашната ликовна сцена и култура. Тенденцијата е да произведеме кадар кој ќе биде впишан во историјата на големи ликовни уметници во Македонија низ понатамошни соработки со големи имиња на нашата дегашна ликовна сцена. Ги охрабруваме сите вљубеници во уметноста да ни се придружат на ова патување и да створиме големи имиња.

Напишете коментар

Back to top button
close