Македонија

Светска недела на доењето: dm дел од најголемиот настан за мајки и бебиња!

Светската недела на доењето е глобален настан усогласен со Светската Здравствена Организација (СЗО) и се одбележува во над 120 земји секоја година од 1 до 7 август, со цел промовирање на доењето и подобрување на здравјето на децата и жените.  Oваа година, dm drogerie markt ќе биде дел од Светската недела на доењето – цела недела исполнета со едукативни, забавни и инспиративни настани под мотото „Предноста на доењето“, во организација на  Доење со љубов, Бебелогија – школа за трудници и доење и Доилка – љубов во секоја капка.

Konferencija za

Што ве очекува?

Сите идни и нови мајки кои се на почетокот на своето најважно и најдолго патување, нивните семејства, но и сите што сакаат да научат повеќе, ќе имаат можност заедно да се едуцираат и дружат преку богатата  и интерактивна програма од 1-7 август.

1-4 август (онлајн активности)

Неделата на доењето и дискусијата за женско здравје и здравјето на вашето бебе ќе започне преку интеракција на профилите на социјалните мрежи Facebook и Instagram на dm drogerie markt, Доење со љубов, Бебелогија – школа за трудници и доење и Доилка- љубов во секоја капка. Секојдневно и активно ќе бидат споделувани едукативни видеа, корисни совети, материјали за преземање и ексклузивни нови содржини. Секоја мајка заслужува информации што ќе ѝ дадат сигурност, и заедница што ќе ја охрабри.

5-7 август (КСП Центар-Јадро)

  • Свечено отворање на програмата и изложба на фотографии „Во меѓувреме дојам“ – искрено, визуелно сведоштво за доењето такво какво што е: понекогаш комично, понекогаш предизвикувачко, секогаш реално и длабоко човечко исполнето со многу љубов.
  • Едукативните сесии започнуваат секој ден од 17:00 во присуство на доктори и експерти. За време на овие сесии ќе бидат опфатени важни теми околу ментално здравје на мајките за време на бременоста и пост-породилниот период, техники за здраво и успешно доење и методи за лактација, како и совети за безбедната употреба на лекови и додатоци во исхраната за време на доењето. Ова ќе биде еден интимен и топол простор за отворени разговори, споделување искуства и простор за прашања, затоа што секоја мајка заслужува да биде слушната и поддржана.

Како да се пријавите?

За сите настани што ќе се одржат во КСП Центар – Јадро, пријавувањето е задолжително преку е-пошта: snd.organizacija@gmail.com, а со секоја пријава добивате и мал подарок и топло изненадување – затоа побрзајте, местата се ограничени! Резервирајте си време за себе и за вашето бебе – заслужувате поддршка, љубов и внимание.

Напишете коментар

Back to top button
close