МАКЕДОНИЈА

Секој има право да ја креира иднината – успешна студиска посета во Варшава

Од 1 до 5 септември, во Варшава Полска, се одржа првата од двете посети како дел од проектот ID: CITIZEN. Со ова беше заокружена првата фаза на проектот, која беше фокусирана на истражување на позитивните примери во областа на пристапноста и инклузивното урбано планирање во престолнината на Полска. Посетата беше реализирана во партнерство со Фондација Интеграција (Полска), Здружение Тененет (Словачка) и Организација Рака под Рака (Унгарија), со поддршка од Меѓународниот Вишеградски фонд.

Studiska poseta 1 Warsaw 06 scaled 1

Петнаесет експерти од областа на афирмација на правата на лица со попречености, како и во полето на архитектонско-урбанистичкото планирање, имаа можност да се запознаат со портфолијата во областа на Министерството за семејство, труд и социјална политика, Министерството за фондови и регионална политика и земајќи учество во средба и со Секторот за урбанизам на Град Варшава, на која беа презентирани урбани и пристапни инфраструктурни решенија. Релевантните министерства како најзасегнати ги презентираа нивните ефективно структурирани програми за вработување на лица со попреченост, инклузија, како и нивните иновативни кампањи за подигнување на општата свест. Беше истакната и улогата на Министерство за фондови и регионална политика како координатор и евалуатор во рамки на програмата за архитектонска и дигитална пристапност.

Во VARSO бизнис комплексот и PZU осигурителната компанија беа одржани посети, како примери за целосна пристапност, со вклучени еколошки решенија, енергетска ефикасност, грижа за животната средина и вработените, вклучително лицата за попреченост. Обата објекти се здобиени со признание и сертификат за пристапност, кој го доделува Фондацијата Интеграција.

„Варшавскиот универзитет и средбата со раководителот на секторот за лица со попреченост и пристапност, г. Вдовик ни дадоа одличен увид во предизвиците и можностите за надминување на истите, со цел да се постигне што повисок степен на пристапност во образованието. Овој центар делува на само во унапредување на квалитетот на образованието за лицата со попреченост, туку и генерално за квалитетот на живот за оваа заедница од 15% од општеството.“ изјави Ружица Стојановска, еден од претставниците и координатор на проекти во Здружение Икуалити.

На средбата со г-а Доната Коњчик, раководителка на секторот за пристапност при Град Варшава, беше презентирана можност за зајакнување на соработката меѓу владиниот и невладиниот сектор, како и преземање на заедничка иницијатива со земјите партнери при имплементација на следните чекори за одржливи решенија и зајакнување на меѓународната соработка.

Преку овие искуства во Варшава ќе извлечеме позитивни примери со цел постигнување на целите на проектот и подготовка на заедничка публикација „Препораки за политики за подобрена инклузивност“ која ќе им помогне на креаторите на политики во процесите на создавање инклузивни и достапни средини во Централна и Источна Европа.

Напишете коментар

Back to top button