РЕЦЕПТИ

Рецепт за здрав и крцкав чипс од семки

Досадни ти се класичните грицки и бараш нешто повкусно и поздраво? Чипсот од семки е совршена крцкава алтернатива – полн со витамини, минерали и добри масти кои му годат на организмот. Лесен е за подготовка, а комбинацијата на семки и зачини ќе го направи омилена здрава ужина за целото семејство.

Потребни состојки:

  • 100 г семки од сончоглед
  • 100 г семки од тиква
  • 2 лажици ленено семе (смелено или цело)
  • 1 лажица сусам
  • 1 лажица чиа семе
  • 150 мл вода
  • 1 лажица маслиново масло
  • ½ лажичка сол
  • Зачини по вкус (пипер, куркума, рузмарин, оригано, лук во прав…)

здрав и крцкав чипс од семки

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад измешај ги сите семки.
  2. Додај ја водата и остави 15-20 минути за лененото и чиа семето да набабрат и да ја врзат смесата.
  3. Додај масло, сол и зачини по вкус и убаво измешај.
  4. На плех со хартија за печење распоредувај ја смесата во тенок слој (колку потенко, толку покрцкаво).
  5. Печи во загреана рерна на 160°C околу 35-40 минути, додека не се исуши и заземе златна боја.
  6. Остави да се излади, а потоа искрши на парчиња како чипс.

Напишете коментар

Back to top button