Turlitava.com

Доручек кој прави чуда за организмот

Овој рецепт е многу здрав, богат со хранливи состојки, кој ќе ви ја даде потребната енергија за да го издржите напорниот ден.

Содржи големи количества на протеини, минерали, калиум, магнезиум, фосфор, манган, бакар и цинк.

Ако редовно го конзумирате, може да ви помогне во намалување на холестеролот, го спречува појавувањето на рак на дебелото црево, претставува и добар лек против опстипација, а многу е корисен и за дијабетичарите.

Потребни состојки:

1/2 чаша овесни снегулки
1 чаша млеко или вода
1 зрела банана
1 лажица лимонов сок
1 кива (исечена на кришки)
малку сол

Начин на подготовка:

Водата или млекото стоплете ги во сад на оган, додајте ги овесните снегулки, а потоа намалете ја температурата на ринглата. Банатата испасирајте ја, а потоа додадете ја во садот, и промешајте.

Кога ќе забележите дека течноста почнува да испарува, додадете го лимоновиот сок и солта.

Кога доволно ќе се згусне (според ваш вкус), тргнете ја од оган, и сервирајте ја кашата декорирана со киви.

На здравје!

Exit mobile version