Македонија

Почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Македонската музичка сцена е во жалост поради загубата на 36-годишниот Кристијан Волчев, истакнат гитарист, професор, композитор и аранжер.

Роден е во Скопје во 1988 година. Тој беше класичен гитарист, школуван во ДСУ „Никола Карев“ и претставуваше уникатен мост меѓу класичната виртуозност и современите музички изрази.

кристијан волчев

Покрај неговата кариера како гитарист на алтернативниот рок бенд Греј (Grey), Кристијан Волчев работеше и како професор по класична гитара, инспирирајќи и менторирајќи бројни млади музичари и таленти.

Неговиот талент дојде до израз и преку неговите аранжмани на народни мелодии како „Јовано Јованке“ и „Со маки сум се родила“, кои беа широко прифатени од публиката како емоционални и културно значајни ремек-дела.

Во 2022 година, тој го објави EP-албумот „Synesthesia Live In Skopje“, дело кое маестрално ги спои класичните техники со кросовер звучност, оставајќи траен белег во сеќавањето на неговите слушатели и обожаватели.

Роднините и пријателите се збогуваат со него на социјалните мрежи.

Напишете коментар

Back to top button
close