Меркур, планетата на комуникацијата, на 8 јуни го менува знакот – излегува од Близнаци и влегува во Рак, каде што ќе остане до 26 јуни. Меркур во Рак најмногу ќе им одговара на Раковите, Рибите и Скорпиите.
Меркур во Рак носи начин на размислување и комуникација што е длабоко поврзан со емоциите, интуицијата и минатото.
Луѓето со оваа поставеност на Меркур обично не размислуваат ладно и логички, туку повеќе се водат од внатрешното чувство и спомени кога донесуваат заклучоци. Нивниот ум е обоен со емоции и често со сеќавања од детството, а нивната комуникација е обично внимателна, топла и грижлива.
Сочувствителност
Не сакаат груби зборови и може да бидат многу чувствителни на тонот и начинот на кој им се обраќаат. Затоа често се воздржани при искажување на мислењата, освен кога се наоѓаат во сигурно и блиско опкружување. Имаат дарба да разберат и она што не е изречено и да сочувствуваат со туѓите емоции, па луѓето често ги доживуваат како многу емпатични соговорници.
Нивната меморија обично е многу силна, особено кога станува збор за лични искуства, емоционални впечатоци и семејни приказни. Ги сакаат спомените и често се носталгични. Меркур во Рак е одличен за пишување што бара длабочина, емоции и искреност – како писма, дневници или литература што се занимава со семејни теми.
Размислување за минатото
Сепак, оваа поставеност на Меркур може да доведе до прекумерно размислување за минатото, потешкотии во одвојување од старите сеќавања и повлеченост или неодлучност во комуникацијата. Исто така, понекогаш може да бидат субјективни при расудување, бидејќи емоциите често имаат предност пред логиката.
Меркур во Рак носи способност зборовите да се користат за разбирање и поврзување на емотивно ниво. Таквите луѓе знаат како да ја кажат „вистинската работа“ во вистинскиот момент, но на начин што смирува, заштитува и дава чувство на сигурност.