Венера, планетата која ја симболизира љубовта, се наоѓа во Близнаци до 31 јули, носејќи засилен флерт и допишување за Близнаците, Вагите и Водолиите.
ОВЕН
Венера во Близнаци ви носи засилен флерт преку пораки. Лице кое го познавате од вашата околина или соседството ќе почне да ви зборува за своите чувства. Ќе ви годат Близнаци, а ако сте во подолга врска, ова е идеален момент за да испланирате кратко патување.
БИК
Ќе имате чести расправии со лицата кои ги сакате. Сепак, ќе ви годат контактите преку интернет, па ќе се активирате на социјалните мрежи. Биковите кои се во брак или подолга врска ќе имаат криза поради монотонија во односот.
БЛИЗНАЦИ
Венера влезе во вашиот знак, па лесно е можно да се вљубите. Ќе имате повеќе шанси за романса, па ќе можете да бирате. Многумина ќе забележат дека сте се разубавиле, а ќе го промените и стилот на облекување затоа што ќе сакате да оставите силен впечаток кај другите.
РАК
Венера во полето на тајните ви носи тајна симпатија. Ќе имате интересна комуникација со лице кое веројатно не е слободно. Ова ќе ви биде предизвик, но воедно и проблем. Можно е да се договорите за тајна средба на затворено место.
ЛАВ
Уран и Венера во Близнаци ви носат љубов преку пријателство. Лице кое долго време ви било пријател може да стане ваш партнер. Пријателската основа ќе ви биде база на секој однос, па започнувате да остварувате врски на поинаков начин.
ДЕВИЦА
Ќе запознаете разведено лице. Исто така, ќе ви годи флерт со лице кое го познавате преку работа. Марс е во вашиот знак, па отворено покажувате интерес за лицата кои ви се драги. Ако сте во брак, престанете да го оптоварувате партнерот со детали.
ВАГА
Венера во деветтото поле ви носи убав период за патувања. Ова е идеален период за средби со лица од странство. Сатурн во Овен на Вагите кои се во брак ќе им донесе најважна лекција до есен, па нешто ќе мора да се промени.
СКОРПИЈА
Ве очекува ненадејна средба со лице кое ги руши вашите стандарди. Ќе ви биде интересно, но и поинакво од сè што досега сте сретнале. Ќе имате засилена комуникација преку апликации за запознавање. Можно е да сретнете лице кое работи во областа на комуникациите.
СТРЕЛЕЦ
Меркур во Лав укажува на појава на лице кое во моментот е на пат. Ве очекува засилено допишување и размена на чувства преку пораки. Можно е да сретнете познато лице.
ЈАРЕЦ
Ве очекува флерт со лице со кое работите во фирмата. Тоа е некој кој ќе ве освои со своите шеги и досетки. Јарците кои се во брак ќе треба да најдат компромис за проблем кој ќе ги мачи цело лето. Обидете се да не го оптоварувате партнерот со работни случувања.
ВОДОЛИЈА
Уран и Венера во Близнаци ви носат недела полна со интересни пресврти. Ќе имате неочекувани запознавања, па секое спонтано излегување може да ви донесе изненадување. Одредени Водолии ќе влезат во нова романса, иако тоа не можеле ни да го замислат.
РИБИ
Ве очекува ново запознавање преку работа. Се наоѓате во убав период за љубов, па искористете го во своја корист. Лавовите и Раковите ќе ви бидат привлечни. Обавезно прифаќајте покани за излегување на јавни места.