МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Пожарникарите во Струмица од овој месец ќе бидат најплатени во цела Македонија

Пожарникарите во Струмица од овој месец ќе бидат најплатени во цела Македонија, најави градоначалникот на општината, Костадин Костадинов. Според новите решенија, нивната плата ќе изнесува 80.000 денари – како признание за нивната храброст и секојдневна пожртвуваност.

„Ова е најмалку што можеме да направиме за луѓето кои секој ден го ризикуваат својот живот за да спасат туѓ. Истовремено, покрај пожарникарите, и сите вработени во општинската администрација ќе добијат 20% зголемување на примањата согласно колективниот договор. Тоа е начин да покажеме дека трудот и посветеноста не остануваат без вредност,“ изјави Костадинов.

Pozharnikarite vo Strumitsa od ovoj mesets ke bidat najplateni vo tsela Makedonija

Тој додаде дека одлуката не е само финансиски потег, туку и јасна порака на почит и благодарност.

„Ова е симбол на ново време – време кога храброста и чесниот труд се ставаат на пиедестал. Од денеска, секој пожарникар и секој општински работник знае дека неговиот град стои зад него, не само со зборови, туку и со дела,“ истакна градоначалникот.

Напишете коментар

Back to top button