Убрзувањето на метаболизмот, побрзо опоравување после тренинг и согорување на масти e нешто што повеќето од нас го посакуваме! За да тоа се случи треба да комбинираме здрава исхрана и умерена физичка активност. Исхрана богата со протеини, чести мали оброци, повеќе вода, зачинета исхрана е опција а тоа може да се постигне и со помош на BCAA!
Што се BCAA?
BCAA (branched-chain amino acids) се есенцијални аминокиселини кои не можат да се синтетизираат во телото, па затоа треба да се внесуваат преку исхрана или суплементи. Тие вклучуваат леуцин, изолеуцин и валин – три клучни аминокиселини за раст и опоравување на мускулите.
BCAA суплементите се посебно важни за активните луѓе и спортистите, за побрзо опоравување после интензивен тренинг и напорни физички активности.
Како BCAA го поттикнуваат метаболизмот?
BCAA можат значително да ја зголемат термогенезата – процесот на производство на топлина во телото, што го забрзува согорувањето на мастите. Една од причините за ова е способноста на BCAA да го намалат присуството на одредени ензими во крвта кои предизвикуваат оштетување на мускулите, конкретно Креатин киназа (CK) и Лактат дехидрогеназа (LDH). Со намалување на нивното ниво, BCAA го забрзуваат опоравувањето на мускулите и обезбедуваат заштита од мускулна дегенерација.
Научни докази за ефикасноста на BCAA
Истражувањата покажуваат дека оние кои земаат BCAA во просек ја намалуваат мускулната болка за 33% во споредба со оние кои не земаат. Дополнително, истражувањата покажуваат дека некои индивидуи покажуваат до 20% подобри перформанси по 24-48 часа од употребата на BCAA.
Природни извори на BCAA
Многу луѓе внесуваат BCAA преку: Месо (говедско, пилешко), јајца, млечни производи (сирење, јогурт), риба, Но, кај спортистите и активните луѓе, често е потребно дополнително внесување преку суплементи.
Клучни придобивки од BCAA
Согорување на масти, намалување на мускулна болка и замор, зголемување на мускулна маса, поддршка на метаболизмот, контрола на нивото на шеќер во крвта и заштита од мускулна дегенерација
BCAA се повеќе од само додаток за опоравување – тие се клуч за побрз метаболизам, согорување на масти и подобри тренинг перформанси. Вклучете ги во вашата рутина и искусете ја разликата!
За крај да не заборавиме дека е подеднакво важно да имаме и квалитет сон. Недостаток на сон го забавува метаболизмот и ги зголемува хормоните што поттикнуваат глад (грелин). Да го намалиме стресот кој го покачува кортизолот, кој е поврзан со складирање масти, особено околу стомакот, и секако да избегнуваме драстични диети, бидејќи екстремното намалување на калории го успорува метаболизмот, бидејќи телото преминува во “режим на преживување”.