Култура

Гевгелија – домаќин на Друштвото на новосадски книжевници со промоција на меѓународната антологија „Нов духовен мост“

Денес, во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија организира гостување на Друштвото на новосадски книжевници и промоција на Меѓународната антологија „Нов духовен мост“. Книжевниот настан ќе се одржи во хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.

Drushtvo na novosadski knizhevnitsi

Станува збор за двојазична антологија, во којашто се застапени творби на 49 автори од Македонија и Нови Сад, а којашто во декември 2024 година беше претставена во седиштето на Друштвото. Во рамки на промоцијата, ќе допатуваат и ќе бидат претставени следниве писатели и поети: Селимир Радуловиќ, Мирослав Алексиќ, Ѓорѓе Писарев, Сунчица Радуловиќ Торбица и Наташа Бундало Микиќ (Србија) и Христо Петрески (Македонија).

Целта на оваа нова книжевна организација, покрај останатото е и книжевно-културна размена помеѓу Нови Сад како европска престолнина на културата за 2021 година и останатите европски градови, преку континуиран процес на промовирање културни содржини и соодветен систем на вредности.

Модератор на настанот е Стефчо Стефанов, а истиот ќе биде и збогатен со музички настап.

Напишете коментар

Back to top button
close