ПРАЗНИЦИ

Еве што треба да направите денес на Преображение Христово

Преображение Христово или Преображение Господово е еден од дванaесетте големи христијански празници. Во православната традиција се слави секоја година на 19 август (6 август по стар стил – Јулијански календар).

preobrazhenie

На овој ден, според православната вера и народната традиција, верниците треба да го прават следново:

  • Да одат на литургија, затоа што најважно е учество во светата богослужба.
  • Да размислувате за духовна промена, бидејки празникот потсетува на внатрешна преобразба, односно обновување на верата и животот според Христовите заповеди.
  • Денес се јаде грозје, а може да се однесе и во црква.

Денес е почеток на есента, се верува дека „од Преображение се преобразува и времето“, а деновите стануваат пократки и посвежи. И не правете големи веселби со музика, а и избегнувајте тешки работи.
Во суштина, Преображение не е само празник на природата, туку и потсетник за внатрешна духовна промена за да се стремиме кон светлината, љубовта и добрината.

Напишете коментар

Back to top button