Македонија

Добра вест за Стојановиќ – Димковски се врати на терените!

Младинскиот репрезентативец Томислав Димковски, по успешната рехабилитација, повторно е на располагање на Пролет.

Tomislav Dimkovski

Левиот бек, кој кон крајот на минатата година беше подложен на операција на рамото, се врати на терените во саботниот натпревар против екипата на Прилеп.

Тренерот Никола Матлиески му довери солидна минутажа, при што Димковски покажа дека е подготвен да му помогне на тимот во останатиот дел од сезоната.

Димковски со својот талент привлекува големо внимание, а пред повредата, имаше голема улога во скопскиот тим.

Пролет е еден од претендентите за освојување на првото место во плеј-аутот, па враќањето на Димковски претставува значајно засилување за екипата.

Неговиот кам-бек на терените е добра вест и за селекторот на младинците Раде Стојановиќ. Македонија ќе биде еден од учесниците на Светското младинско првенство во Полска, кое ќе се одржи во периодот од 18 до 29 јуни.

Извор: 24rakomet.mk

Напишете коментар

Back to top button
close