ЉУБОВ И СЕКС

Дијана (25) полудела по дедо: Нивната врска предизвика бурни реакции, луѓето не можат да поверуваат што гледаат

Додека некои жени преферираат помлади мажи, Дијана ја пронајде својата среќа со постар маж, и со таа одлука ги шокираше многумина.

Врската на Дијана Монтано (25) и Едгар (76) предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, главно поради големата разлика во години.

Дијана (25) полудела по дедо

Откако Дијана објави видео каде танцува со партнерот пред неговата колекција автомобили, меѓу кои се наоѓа и сребрен Порше, следбениците брзо реагираа. Некои им дадоа поддршка, додека други упатија остри критики, пренесува The Sun.

Големата разлика во години не им пречи

Корисниците на социјалните мрежи нивната врска ја нарекоа вознемирувачка, а Дијана доби многу негативни коментари. Од друга страна, имаше и такви што истакнаа дека најважно е партнерите меѓусебно да се почитуваат, без разлика на годините.

Дијана вели дека и нејзините родители првично биле скептични, но со текот на времето го прифатиле нејзиниот избор, особено откако го запознале Едгар. Нејзиниот татко сè уште не го запознал, но, како што вели, ја почитува нејзината одлука.

@diana_edgar7 Date night ❤️ #agegapcouple #datenight #ootd ♬ original sound – ꜰɪɪʀᴍᴇᴏʟᴅɪᴇꜱᥫ᭡

Интересот на јавноста е толку голем што видеото собра неколку милиони прегледи, а расправата за нивната врска сè уште не стивнува.

– Веројатно се однесува кон неа подобро од кој било нејзини врсник. Само уживај, кралице – коментираше една следбеничка.

– Ова е малку вознемирувачко – напиша друга.

– Ова треба да биде противзаконски – се огласи еден следбеник.

Напишете коментар

Back to top button