Turlitava.com

Црвена, жолта или зелена – која пиперка е поздрава?

Постојат многу варијанти на пиперки, но најдобри се овие три: црвена, жолта и зелена. Секоја пиперка е дел од здравата храна, полна со витамини и треба да се јаде без многу размислување, бидејќи е исклучително здрав зеленчук.

Освен по формата и бојата, пиперките се разликуваат и по нивната хранлива вредност. Во суштина, станува збор за ист зеленчук, но времето на зреење ги разликува.

Имено, зелените пиперки се берат многу млади и затоа имаат малку горчлив вкус.

По нив следат жолтите пиперки, додека црвените треба да созреат уште еден месец, поради што содржат многу секундарни растителни масла и најмногу витамин Ц од сите пиперки.

Затоа, црвените пиперки се најздравата сорта на пиперки.

Exit mobile version