Turlitava.com

“Overnight Oats“ – брз и здрав појадок за зафатени утра

Ако барате здрав и вкусен појадок кој не бара многу време за подготовка, тогаш овесни снегулки  што се подготвуваат од вечер е идеален избор. Овој рецепт е совршен за оние кои сакаат да започнат со енергичен и хранлив оброк, без да трошат многу време наутро.

Кога ќе оставиме овесот да отседи преку ноќ, тој ја апсорбира целата течност, создавајќи кремаста овесна каша.

Потребни состојки за 1 оброк:

Во  стаклена тегла или сад се става овесот, се додава млекото, чиа семките и засладувачот. За дополнителен вкус и интензитет може опционално да се додаде екстракт од ванила. Се мешаат сите состојки додека не се соединат. Потоа се додава јогуртот и на крај свежото или замрзнатото овошје. Овие додатоци не само што ќе го збогатат оброкот со дополнителни хранливи материи, туку и ќе и дадат прекрасен вкус и текстура. Вака соединетите состојки се оставаат преку ноќ во фрижидер.

Overnight oats е повеќе од само брз и лесен појадок. Овој оброк обезбедува изобилство на растителни влакна, протеини,  витамини и минерали кои даваат енергија за цел ден. Комбинацијата на овес, млеко и јогурт обезбедува кремаста текстура, додека овошјето додава свежина и сладост. Семките од чиа, доколку ги користите, се одличен извор на омега-3 масни киселини и антиоксиданси.

Наутро, сè што треба да се направи е да се извади теглата од фрижидерот и појадокот е подготвен! Може да се јаде ладна или малку да се загрее, по желба.

На здравје!

Exit mobile version