Turlitava.com

Ако страдате од несоница: Направете го ова 30 минути пред да одите на спиење – ќе заспиете подобро и полесно од било кога

Сигурно барем еднаш во животот сте доживеале несоница и знаете колку оваа состојба може да биде заморна. За среќа, со овие совети, нема да морате повторно да поминувате низ тоа.

Несоницата влијае на многумина од нас од време на време. Меѓутоа, со текот на времето, многумина наоѓаат начин да си олеснат и да си обезбедат мирен сон.

Лежењето будно во кревет до доцна во ноќта може да биде исцрпувачки ако се повторува ноќ по ноќ. Експертот за сон, д-р Ниал Стенли, објаснува зошто последните 30 минути пред спиење се клучни за добар сон.

– Ако не можеш да го најдеш сонот, нека те најде сонот. Мора да ги ставите телото и мозокот во вистинска атмосфера за да ги опуштите телото и умот – советува тој.

– Никогаш не ја потценувајте важноста на добрата рутина, било да е тоа спиење или кој било друг аспект од животот, бидејќи тоа може значително да ги подобри вашите шанси за успех – додава тој.

Еве шест чекори што можете да ги следите за да постигнете добар сон:

30 минути пред спиење
Искористете го последниот половина час за да ги завршите сите дневни задачи. Плаќајте сметки, одговарајте на е-пошта и направете список со задачи за следниот ден.

25 минути пред спиење
Исклучете ги сите уреди што емитуваат сина светлина, како што се лаптопите и мобилните телефони. Научно е докажано дека сината светлина го попречува ослободувањето на мелатонин, хормонот кој му сигнализира на телото дека е време за спиење. Ако не можете целосно да го исклучите телефонот, барем свртете го со лицето надолу или ставете го во фиока за да избегнете сина светлина, пренесува „The sleep consultancy“.

20 минути пред спиење
Направете ја вашата лична хигиена, отстранете ја шминката, измијте ги забите и подгответе се за мирен сон.

15 минути пред спиење
Брзото туширање може да биде совршено за овие 15 минути.

10 минути пред спиење
Посетете го тоалетот. Иако може да изгледа необично, многу луѓе имаат немирен сон поради тоа што не одат во тоалет пред спиење.

5 минути пред спиење
Опуштете се и смирете се. Време е да се оттргнете од секојдневните грижи и да се подготвите за сон. Заборавете на разговорот или храната бидејќи сега е време за спиење.

Exit mobile version