Пиењето кафе е една од секојдневните навики на повеќето луѓе, а многумина не можат да замислат утро без шолја од омилениот пијалок. Но, експертите предупредуваат дека не треба да претерувате со конзумирањето на омилениот пијалок.
Според една неодамнешна студија на Европското здружение за кардиологија, прифатливо е да се пијат две до три шолји дневно. Исто така, забележано е дека сите видови кафе (мелено, инстант и без кофеин) имаат позитивни ефекти врз здравјето на луѓето.
Меѓутоа, ако сте еден од луѓето кои ги надминуваат препорачаните дози, тогаш треба да ги земете предвид можните последици.
Ова се 5 знаци кои укажуваат дека можеби претерувате со кафето:
Чувство на вознемиреност
Нормална шолја кафе содржи 95 милиграми кофеин. Значи, ако пиете четири кафиња, би консумирале околу 500 милиграми кофеин дневно. Една студија покажа дека прекумерната потрошувачка на наведената супстанција може да доведе до високи нивоа на стрес, анксиозност, па дури и депресија.
Истражувањата покажуваат дека консумирањето повеќе од 1000 милиграми кофеин неделно може да биде показател за висока анксиозност. Затоа е време да ги промените вашите навики.
Лош сон
Кафето може да предизвика и проблеми со спиењето, особено ако имате навика да уживате во овој пијалок попладне.
Иако има многу здравствени придобивки од редовното пиење кафе, намалувањето на дневниот внес на минимум, особено наутро, може да придонесе за подобар сон.
Брзо чукање на срцето
Иако едно истражување покажа дека пиењето 100 милиграми кофеин, во рок од еден час до пет часа, не предизвикува зголемено отчукување на срцето, консумирањето значителни количини може да предизвика промени во срцевиот ритам, но за тоа е потребна значителна количина на кофеин.
Треперење
Ако чувствувате треперење откако ќе испиете премногу шолји кафе – ова може да се дефинира како предозирање со кофеин, што може да предизвика главоболки, нервоза, тешкотии со спиењето и, како што веќе споменавме, забрзан пулс.
Замор
Кога се чувствувате уморни, нормално е да посегнете по шолја кафе. Во едно истражување, во кое на учесниците им биле дадени одредени количини на пијалоци со кофеин за да ја зголемат енергијата, нивното редовно пиење, особено оние со шеќер, предизвикало ментален замор кај испитаниците.
Затоа, кога планирате да спиете, не посегнувајте по кафе бидејќи ќе останете будни, а нарушениот сон ќе предизвика уште поголем замор подоцна во текот на денот.