Turlitava.com

Мало кафуле во главниот град на Велика Британија одлучи на своите гости да им го понуди едно од најскапите кафиња на светот

Вистинските љубители на кафе не можат да го замислат своето утро и ден без шолја од омилениот пијалок, но колку пари сте спремни да платите за една шолја кафе? Доколку сте подготвени да потрошите многу пари, едно кафе во Лондон ќе ве чини дури 310 евра.
Кафето е пијалок со препознатлив мирис и вкус, со кој повеќето луѓе го започнуваат денот. Сепак, некои видови бараат посебен начин на правење, а задоволството од пиењето бара и многу пари.

Мало кафуле во главниот град на Велика Британија одлучи на своите гости да им го понуди едно од најскапите кафиња на светот.

Ако сте подготвени да издвоите голема сума пари за кафе, знајте дека шолја кафе овде ќе ве чини 265 фунти или дури 310 евра.

Оваа кафетерија во елитната лондонска населба Мејфер наплаќа премија за кафе исклучиво поради потеклото на зрната од кои се прави кафето.

Станува збор за „типични“ зрна, кои се поквалитетен подтип на „арабика“. Тие растат и созреваат на имотот Накајама, на јапонскиот остров Окинава.

Еден килограм од овие специјални зрна чини дури 1.730 евра, без трошоци за трансфер. Кафето „Black Ivory“ кое е произведено во одморалиштата Анантара на Малдивите и Тајланд е најскапото кафе во светот (околу 2.300 евра за килограм), надминувајќи го дури и „Kopi Luwak“ по ексклузивност и цена.

Exit mobile version