Turlitava.com

ВИЦ: Ментор

зајак

Зајакот си седел во шумата и пишувал нешто… Дошла лисицата и го прашала:
– Што пишуваш, зајче?
– Докторска дисертација! – одговорил тој.
– А која ти е темата? – го прашала лисицата.
– Како да одереш лисица – одговорил зајакот.
– Идиоту, како се осмелуваш!? – извикала лисицата налутено, го фатила зајакот и го одвлечкала во грмушките, од кои потоа се слушнале врисоци.
Зајакот потоа излегол од грмушките и продолжил да пишува… Малку подоцна дошол и волкот.
– Што пишуваш? – прашал волкот.
– Докторска дисертација!
– За што?
– Како да се одере волк!
– Како се осмелуваш!? – извикал волкот налутено, и го одвлечкал зајакот во грмушките.
Повторно се слушнле врисоци. Од грмушките излегол зајакот, а со него и мечка која го потапка по рамо и му рекла рече:
– Дали виде зајаче? Не е важно која е темата, важно е кој е менторот!

Exit mobile version