Site icon Turlitava.com

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ: Да останеше неколку секунди повеќе, немаше да биде жив – видео кое го погледнале над 20 милиони луѓе

Случајност или судбина? Многумина се прашуваат по ова видео кое предизвика лавина реакции. Имено, на виралното видео јасно се гледа како човек со полни раце торби излегува од пералната, а само неколку секунди подоцна се случи експлозија. Да останеше само секунда повеќе, немаше да биде жив.

Видеото кое се појави на социјалната мрежа Инстаграм го погледнаа над 20 милиони луѓе, а коментарите продолжуваат да доаѓаат.

„Господ го спаси“, „Случајност? Не би рекол!“, „Мислам дека имам нова фобија“, „Ова е најсреќниот човек на светот“, беа само дел од многуте коментари под видеото, а некои од нив понудија можни објаснувања зошто дошло до експлозијата.

Exit mobile version