Turlitava.com

Здрав пудинг од само 2 состојки! Почестете се со уживање доцна навечер без чувство на вина

Кога имате неодолива желба за нешто слатко доцна навечер, а не сакате да консумирате нешто премногу калорично или нездраво, го имаме вистинското решение за вас. Овој чоколаден пудинг со две состојки прави совршена рамнотежа помеѓу богатиот вкус и едноставната подготовка.

Кога доцна навечер ќе ни се појави желба за нешто слатко, а не сакаме да конзумираме нешто нездраво, постои идеално решение – чоколаден пудинг направен од само две состојки!

Овој десерт е богат, густ и целосно ги задоволува вашите слатки потреби, а притоа е лесен за подготовка. За да го направиме, потребни ни се само неколку чекори и малку трпение.

Потребни состојки:
– 2 средно слатки јаболка
– 120 гр темно чоколадо

Начин на подготовка:
Јаболката прво измијте ги и излупете ги, а потоа исечете ги на коцки. Парчињата завиткајте ги во хартија за печење и ставете ги на тавче. Печете ги јаболката во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 30-45 минути, додека не станат меки и карамелизирани. Оставете ги да се изладат.

Додека јаболката се ладат, растопете го темното чоколадо на пареа. Ставете го садот со чоколадо над тава со зовриена вода и мешајте додека чоколадото целосно не се стопи и изедначи.

Во блендерот додадете ги изладените печени јаболка и растопената чоколада. Мешајте со голема брзина додека смесата не стане мазна и кремаста.

Истурете ја смесата со пудинг во две десертни чинии. Ставете ги во фрижидер неколку часа или, идеално, преку ноќ за пудингот да се стегне и да стане уште побогат.

Извадете го пудингот од фрижидер и уживајте во овој едноставен, но исклучително вкусен десерт.

Овој рецепт за чоколаден пудинг со две состојки е доказ дека десертите не мора да бидат комплицирани за да бидат вкусни.

Exit mobile version