Turlitava.com

Најсреќната плажа на светот: Луѓето овде постојано се насмеани – еве зошто!

Плажа

Плажата Сиџес, недалеку од Барселона, е прогласена за најсреќната на светот – на фотографиите од оваа плажа, луѓето најчесто се насмеани.

Сиџес се наоѓа во живописното шпанско гратче со исто име, кое може да се пофали со 300 сончеви денови годишно.

Оваа плажа има златен песок, шеталиште полно со барови и ресторани и е на кратко растојание од еден од најдинамичните шпански градови – Барселона.

Според анализата на компанијата CV Villas, која со помош на AWS софтвер за препознавање лица анализирала илјадници фотографии на Instagram од повеќе од 100 плажи, оние со најмногу насмевки се најдоа на листата на „најсреќни“ плажи во светот.

Плажата Сиџес убедливо го зазеде првото место.

Оваа живописна дестинација лесно може да се комбинира со посета на Барселона, која е оддалечена 50 минути со автомобил или 36 минути со јавен превоз.

Една од најпознатите знаменитости е Црквата на Свети Бартоломеј и Света Текла, која доминира во крајбрежниот пејзаж и често ја нарекуваат бисерот на Сиџес. Таа е и еден од најубавите видиковци во градот. Мештаните често ја нарекуваат „La Punta“.

Сиџес е познат и по својата богата културна сцена – градот е домаќин на бројни фестивали во текот на годината, а славен е и по малвазијата, вино што се поврзува со винаријата Hospital Sant Joan Baptista, која организира тури и дегустации за посетителите.

Инаку, на листата на најсреќни плажи во светот, меѓу топ 10 се најдоа и:

Exit mobile version