Turlitava.com

Што е правилото 80-20? Ако сакате да ослабете, ќе морате да го научите тоа, а еве и зошто

Речиси завршивме со сезоната на празнични и новогодишни вечери, па сите полека планираме диета со која планираме да се вратиме во форма и да се подготвиме за летниот одмор. Сепак, експертите предупредуваат дека една работа, што ја подразбира секоја модерна диета, може да ги расипе плановите на многу луѓе и да го попречи планот за слабеење.

За некои луѓе популарно наречениот „cheat day“ може да го наруши расположението при држење на диета, бидејќи тој ден се чувствуваат како да прават нешто погрешно и често се чувствуваат виновни или засрамени. И затоа експертите мислат дека е време да се ослободиме од тоа размислување „се или ништо“.

– Понекогаш треба да си дадеме одмор. Мора да признаеме дека сме луѓе и дека не можеме совршено да го следиме планот на исхрана секој ден, по цел ден. На почетокот на секоја диета, важно е да се разбере дека ќе има подеми и падови, и дека сето тоа е нормален процес – објаснува Кристин Киркпатрик, нутриционист од Клиниката во Кливленд.

Таа советува наместо да воведеме ден во исхраната кога си даваме пауза да јадеме што сакаме, што популарно се нарекува „cheat day“, да се обидеме да го следиме правилото 80-20.

Кое е правилото 80-20?

Ова правило подразбира дека 80 проценти од времето јадеме храна богата со хранливи материи, а останатите 20 проценти се она што го посакува нашата душа. Дополнително, треба да престанеме да ја делиме храната на добра и лоша, но да размислиме за хранливите материи што ни ги обезбедува секој вид на храна.

Експертите советуваат дека треба да се држиме подалеку од диети кои строго го ограничуваат она што го јадеме бидејќи таков начин на исхрана на долг рок не е изводлив.

– Кога ќе погледнеме што е одржливо на долг рок и може да ни донесе успех, се се сведува на прифаќање лични, но и културни и религиозни преференци. Кога се држиме до мислата дека не смееме да јадеме нешто бидејќи тоа нема да ни го донесе посакуваниот резултат, не си помагаме во усвојувањето здрава навика бидејќи тогаш тоа не ни е природно, ниту што би сакале – вели Киркпатрик.

Пред секоја диета, исто така, неопходно е да се консултирате со вашиот избран лекар, како и со нутриционист, за да утврдите дали избраниот план на исхрана е здрав и соодветен за вас.

Exit mobile version