Turlitava.com

Се што треба да знаете за да имате здрави заби: Како да се отстрани кариесот на безболен начин? Какви четки да користите!

Одржувањето здрави заби е особено важно, посебно во раните детски години. Децата ги обожаваат слатките, и не толку ревносно ги мијат забите. Се појавува кариес, а одењето на забар не им е толку пријатно искуство. Децата не поднесуваат болка, Вие како родител се нервирате, и неретко се напушта стоматолошката ординација со преживеан стрес. Стравот од забари присутен е и кај многу возрасни. Треба да почне да ги боли заб, па да отидат на стоматолог.

Но тоа не мора да биде така!

Денес стоматологијата е толку многу напредната, се работи со софистицирана опрема и технологија така што стравот кој постои од одење на стоматолог е крајно непотребен, вели стоматологот Д-р Лилјана Бабамова.

Таа во својата ординација воведе иновативен метод на  воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак, а може да се користи и кај деца и кај возрасни.  “Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес. Методата е многу конфорна, третманот релаксирачки. Освен ваквите придобивки, оваа метода го штеди здравото забно ткиво од прекумерно одземање, а влијае и на квалитетот на финалните изработки. Се третираат лезии, од површни до најдлабоки, а се овозможува и третирање на повеќе заби во една сеанса и тоа без употреба на анестезија. Истовремено праксата потврдува дека пломбите изработени со оваа метода, траат двојно подолго“ вели Д-р Бабамова. Сето погоре набројано, ја прави оваа метода мошне  атрактивна за нашите пациенти.

Постојат и четки за заби Мизуха кои многу ефикасно ги отстрануваат наслагите.

Таа истакнува дека не сме свесни колку се важни забите за општата здравствена состојба, и дека тие влијаат на различни органи во нашето тело. Болестите на устата и забите може да предизвикаат непријатност и болка и да бидат поврзани со други сериозни здравствени проблеми. Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата, што може да влијаат на секој аспект од животот, од лични односи и самодоверба до функционирање во училиште и на работа.

Посетата на стоматолог не треба да биде само во моментите кога ќе не заболи заб, туку превентивно барем 2 пати во годината. Бидејќи нешто може да не е во ред со забите уште пред ние тоа да го забележиме, сметаат стоматолозите.

Одењето на стоматолог веќе нема да се поврзува само со болка,  туку со здрави бели заби и  убава насмевка која позитивно делува на нашата самодоверба! Веќе немате основа за изговор! Tel: 02 244 4255

Exit mobile version