Turlitava.com

Постои природно решение за надминување на стресот и вознемиреноста!

Динамичниот живот носи непредвидливи ситуации и притисоци со кои не  можеме секогаш нормално да се справуваме. Тоа ни предизвикува стрес, не вознемирува и негативно влијае на нашиот живот. Лошо ни влијае на сопственото здравје, но и на нашето однесување со блиските. Во таква ситуација се поттикнува продукцијата и влијанието на кортизол и другите хормони на стрес, кои носат страв, вознемиреност, нерасположение, анксиозност, агресивност, едноставно негативни влијанија кои прават да не сме свои.

Она што е важно е дека треба да сме самосвесни, и да ги препознаваме таквите ситуации, и притоа да си помогнеме себеси, или пак на пријателите кај кои ќе препознаеме анксиозно однесување. Да препознаеме дека кога срцето чука забрзано, дишењето е брзо а мускулите затегнати дека сме под стрес.

Затоа е важно да имаме и здрави секојдневни рутини. Па така ако практикуваме некое хоби, можеме да си создадеме “вентил” преку кој ќе се релаксираме и нема да дозволиме кулминација на негативните чувства, страв и анксиозност. Со практикување хоби или некоја физичка активност важно е дека релаксирањето не го одложуваме, и правиме нешто што ни е интересно, и не прави среќни. Физичката активност ги поттикнува хормоните на среќа.

Но истовремено, кога сакаме брзо да си помогнеме, или пак кога во моментов сме или спречени или во неможност за практикување некаква активност, тогаш треба да се потпреме на природни препарати како CALM од Натура Терапи кој овозможува диететско регулирање на состојби на анксиозност, стрес и нарушувања на расположението. Производот е 100% природен, безбеден за продолжена употреба, без несакани ефекти, а не создава ни зависност.

Ние најчесто не можеме да ги промениме околностите во кои живееме, но можеме да одредиме наш одговор кон тие околности, и да влијаеме на нашите избори.

Според истражувањето на американската терапевтка Соња Љубомирски, која ја анализирала и истражувала среќата, се покажало дека 50% од среќата се должи на генетскиот фактор, 40% на самосвесни одлуки, а само 10% на околностите во кои некој живее.

Па така изборот е на самите нас. Дали сакаме да бидеме среќни, или вознемирени и анксиозни!

Со редовно земање на CALM: Се смирува организмот, се ослободуваме од вознемиреноста и стравот, се намалува стресот и анксиозностa, т.е. помага да се смири срцебиењето, да се намали пулсот и притисокот и да се врати рамномерната работа на срцето.

Се обезбедува релаксирање и опуштање на телото, помага да се ослободиме од грчот, напнатоста во телото и мускулите, се подобрува расположението и чувството на среќа и радост (со стимулирање на продукцијата на серотонин – хормонот на среќа). Се подобрува фокусот, вниманието, помнењето и продуктивноста, квалитетот на сонот и психо-физичкката одмореност на телото.

Овој природен препарат содржи: Екстракт од Ашваганда + Shagandha екстракт во прав, Екстракт од Сибирски женшен, Екстракт од Пасифлора, Екстракт од Кава, 5-ХТП (5-хидрокситриптофан од екстракт од семе од Griffonia simplicifolia), Екстракт од бибер, Витамин B5, Витамин Б6. Начин на употреба: се земаат по 1-2 капсула на ден, пред оброк, по една наутро, а една навечер.

За кого е наменет?

Производот е наменет за лица кои имаат анксиозност, депресија, зголемен, повремен или постојан стрес во животот, сите кои страдаат од фобии, променливо или проблематично однесување, лицата со хиперактивност, лица со агресивност во однесувањето и други проблеми или нарушувања на расположението, однесувањето и менталното здравје во целина. Само за лица над 18 години.

Exit mobile version