Turlitava.com

Леблебија – го снижува холестеролот, ги исфрла токсините и го чува здравјето на коските

Леблебијата е мешунка и има неверојатни нутритивни вредности. Преполна е со протеини и содржи многу влакна што дава чувство на ситост и до неколку часа. Исто така богата е со антиоксиданси, железо, магнезиум, калиум и витамини А, Е и Ц. Варената леблебија содржи двојно повеќе железо од истата количина месо. Исто така, содржи и голема количина на протеини. Од таа причина се препорачува за трудници и за време на менструација.

Кога станува збор за биохемискиот состав на леблебијата, сушеното зрно на оваа мешунка содржи 23% протеини, 53% јаглехидрати, 4-5% растително масло, 3-5% целулоза и 3% минерални материи.

Еве зошто мора да ја вклучите леблебијата во секојдневната исхрана:

Ги исфрла токсините и помага за слабеење

Благодарение на влакната што ги содржи во големи количини, леблебиите се одлични за слабеење. Освен тоа, доколку редовно ги јадете, ќе ги исфрлите сите насобрани токсини од цревата и црниот дроб.

Им помагаат на дијабетичарите

Истражувањата покажале дека дијабетичарите тип 1 кои често консумираат намирници богати со влакна, имаат намалено ниво на глукоза, а кај дијабетичарите тип 2, може да се подобри нивото на шеќер во крвта, липидите и инсулинот.

Го чуваат здравјето на коските

Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К што се содржат во леблебијата придонесуваат за здравјето и јачината на коските. Сепак, треба да бидете внимателни кога станува збор за овие минерали, бидејќи премногу фосфор, а премалку калциум, може да резултира со слабеење на коските.

Го снижуваат крвниот притисок

Една од најважните промени што треба да ги усвоите за да го снижите притисокот е да јадете намирници сиромашни со натриум, а токму таква е леблебијата. Покрај тоа, содржи и калиум кој е еднакво важен за нормализација на крвниот притисок.

Exit mobile version