Turlitava.com

Kисела зелка – храна за мозокот и целиот организам!

Свежата зелката е здрава и богата со витамин Ц, но киселата зелка која е неизбежен дел од зимската трпеза е навистина многу здрава и корисна за нашиот организам. Таа е нискокалорична и вкусна, содржи витамин А, Б12, Ц, Е и К, важни минерали и омега 3 масни киселини.

Киселата зелка го освежува и разбудува организмот, ја јакне отпорноста на стрес, го стимулира растењето на клетките и ткивата, помага во изградбата на коските, ги балансира маснотиите, ги јакне мускулите и помага во разменувањето на материите во мозокот и нервите.

Помага и со својот витамин Ц за зајакнување на имунитетот. Во 100 грама кисела зелка се содржат околу 35% од дневната потребна количина на витамин Ц.

Exit mobile version