Иако претходниот период уживавме во топлото време, респираторните инфекции и вирусите не поштедија многумина.
Лекарите советуваат настинката да се лекува со ѓумбир, тропска билка која се користи во народната медицина за многу болести. Ја подобрува меморијата, делува како благ афродизијак, антисептик, ги уништува микроорганизмите и бактериите, поради што е совршен природен лек против настинка.
Еве како да приготвите напиток од ѓумбир: ѓумбирот исечкајте го на ситни парчиња и исцедете ја течноста во чаша или шолја, па прелијте го со топла зовриена вода, почекајте малку да се излади, а потоа засладете го со мед. Во чајот можете да додадете и сок од лимон кој е богат со витамин Ц.
Овој напиток можете да го консумирате секој ден во текот на зимата, бидејќи има освежителен и пријатен вкус и делува смирувачки.