Turlitava.com

Чајот од ова растение ја подобрува крвната слика, го намалува воспалението и дигестивните проблеми

Ова растение потекнува од античко римско и грчко време, а традиционално се користело за запирање на крварење, за лекување на чиреви и рани, за лекување на туберкулоза и проблеми со бубрезите. Раставик е лековито растение кое содржи силициум кој помага во зајакнување на коските, а често се користи како диуретик, но и како состојка во козметиката. Ова е растение кое го нарекуваат и „коњско опавче со коњска сила“.

Редовното консумирање на чај може да ги ублажи грчевите на мочниот меур и болното мокрење, а одличен е и за проблеми поврзани со камења во бубрезите, подобрување на крвната слика, кожни заболувања (егзема, атопичен дерматитис, контактен дерматитис). Помага при чир на желудникот, како и при воспалителни процеси на органите за варење.

Ова растение исто така се користи и за чести гасови во желудникот и болести на коските. Раставичкиот чај поволно делува на атеросклероза и висок крвен притисок, нервоза, анемија и метаболички болести.

Ова растение е одличен сојузник и во индустријата за убавина. Може да помогне при опаѓање на косата, што може да се спречи со редовно консумирање чај, но и со плакнење на косата со свеж чај од растевица после секое миење. Поради карактеристичниот состав може да се користи како тоник при третмани за лице против брчки, а при воспалени рани на кожата се користи како лапа.

Начин на подготовка:

Една лажица чај се прелива со 2 dl (една шоља за чај) зовриена вода, се покрива и се остава да отстои 30 минути, па се процедува. Пијте по 2 dl незасладен чај три пати на ден пред јадење.

Раставичкиот чај можете да го пиете секој ден, а поради неговиот пријатен вкус не е неопходно да се пие топол, па така, можете да го пиете и кога е ладен.

Exit mobile version