Како што времето станува се потопло и поминуваме повеќе време на отворено, важно е да запомниме дека заштитата од сонце не е само за оние што се сончаат. Дури и лесното или умерено секојдневно изложување на сонце може да влијае на кожата, затоа кремата за заштита од сонце е клучно да биде вклучена во дневната рутина за заштита на кожата.
Употребата на производите неменети за заштита од сонце е важно редовно и правилно да се нанесуваат. За да се задржи оригиналната заштита важно е да се внимава кога производот се нанесува по пливање, или потење, или кога ја бришеме влажната кожа во топлите периоди.
Кремите за заштита од сонце често се сметаат за тешки и мрсни, но постојат исклучоци како што е Еуцерин ултра лесната крема-флуид HYDRO PROTECT SPF50+ за заштита од сонце. Создадена со сите потребни заштити: УВА, УВБ и заштита од ХЕВИС светлината, таа е погодна за сите типови на кожа, дури и за чувствителна кожа. Кремата-флуид содржи напредна технологија што комбинира УВА и УВБ филтри за многу висока УВ заштита и Ликохалкон А за неутрализирање на слободните радикали.
Рутината за заштита на кожата од штетните ефекти од сонцето не мора да биде комплицирана или да одзема многу време. Со вградување на производ како што е Еуцерин во негата на кожата за УВ заштита, се заштедува време. Предноста е што производот лесно се впива. Формулата е создадена да има брза апсорпција и да не остава остатоци. На тој начин кремата е ултралесна, не е мрсна и не е леплива. Глициретинската киселина, пак, што е иновација, помага за саморепарација на ДНК на кожата.
Заштитата од сончевите зраци е важна за секоја возраст, но особено важна е и за децата. Кремите со УВ заштита кај најмладите е неизбежно да се користат. Кога е најжешко, важно е да се засолниме под ладовина и да бидеме целосно заштитени.