Turlitava.com

Природни маски за сува кожа

Ефикасен начин за подобрување на состојбата на вашата сува кожа е преку природни креми и маски. Маслиновото масло, медот, глицеринот, авокадото, бананата се ефикасни за подобрување на здравјето на сувата кожа.

Следниве рецепти можат да послужат како маски за сува кожа, кои лесно и ефикасно помагаат за хидратација на кожата:

Овошна маска за претерано сува кожа
Во блендер изблендирајте 2 јагоди, 1 банана и половина авокадо и додадете 1 лажица маслиново масло. Добро измешајте и нанесете на лицето и вратот. Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска од јајца
Друго ефикасно решение за сува кожа е матење на жолчките со 1 лажичка маслиново масло и 1 лажичка мед. Добро измешајте и нанесете на чисто лице. Оставете да делува 15 минути, а потоа измијте го лицето со топла, а потоа ладна вода.

Природна маска со овес
Измешајте 2 лажици мед, 1 лажица маслиново масло и 1 лажица овесна каша. Нанесете ја маската и оставете ја да делува 10 минути, а потоа измијте ја.

Маска од авокадо и млеко
За да ја хидрирате сувата кожа, можете да направите уште една ефикасна маска така што ќе испасирате авокадо и ќе додадете малку млеко за да добиете кремаста маса. Нанесете на саканото место, оставете да делува 20 минути и исплакнете.

Маска од банана
Изматете 1 банана, 1 лажица мед и 1 лажица јогурт додека не добиете кремаста смеса. Намачкајте го на лицето и вратот и оставете да делува 15 минути, а потоа измијте го со млака вода.

Маска со млеко
Добро измешајте ги следниве состојки: 1 лажичка млеко во прав, 1 лажица мед, 1 лажичка гел од алое и 1 лажичка бадемово или маслиново масло. Нанесете на лицето, оставете 15 минути и исплакнете со млака вода.

Маска од кикирики
Сомелете 2 лажици кикирики и измешајте со 1 лажица мед и 1 лажичка маслиново масло. Нанесете на лицето, оставете 15 минути и исплакнете со млака вода.

Маска од кафе и какао
Измешајте 4 лажички кафе, 4 лажички какао и 8 лажици млеко. Оваа смеса нанесете ја на претходно исчистеното лице и врат, избегнувајќи ја областа околу очите и устата. Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска од авокадо и маслиново масло
Измешајте ½ авокадо (добро испасирајте го) и 1 лажица маслиново масло. Нанесете на лицето и оставете да делува 10-15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Exit mobile version