Британско истражување на компанијата „Лело“, водечки производител на секс играчки, претстави интересни податоци за сексуалните навики на различните занимања.
Изненадувачки, според истражувањето, фармерите и сточарите во Англија имаат најбогат сексуален живот, а 33% од испитаниците тврдат дека имаат секс барем еднаш дневно.
На второ место се архитектите, со 21%, додека фризерите се на трето место со 17%. Трговците го зазедоа четвртото место, додека адвокатите и наставниците го поделија петтото место.
Интересно е и тоа што научниците откриле дека новинарите имаат секс во просек еднаш месечно, додека адвокатите тешко се задоволуваат во спалната соба, а 27% од нив признале дека глумеле оргазам.