Turlitava.com

Зошто не треба да пиете кафе веднаш откако ќе се разбудите наутро?

Голема грешка правите ако и ова утро веднаш по станувањето прво помислувате на шоља кафе.

Но, каде ја правите грешката?

Додека спиеме, губиме доста течности, а воопшто не ги внесуваме. Затоа често сме жедни во текот на ноќта или веднаш штом ќе се разбудиме.

Замислете што се случува кога на речиси дехидрираното тело ќе му додадете кафе, што е диуретик – не само што ќе ги „исцедите“ од себе си и оние малку течности што ви останале, туку ќе го забавите и метаболизмот, што воопшто не ви оди во прилог ако сте на диета.

За да избегнете се што лошо влијае на здравјето, најдобро би било наутро да испиете чаша вода, да појадувате, а дури потоа да се напиете кафе.

Ако баш не можете да појадувате, тогаш задолжително испијте прво една голема чаша вода и 30 минути подоцна напијте се кафе!

Exit mobile version