Turlitava.com

Родени хедонисти – припадниците на оваа европска нација најмногу јадат и спијат

Според истражувањето спроведено од Организацијата за економска соработка и развој во развиените земји, една нација особено се издвојува по своите хедонистички навики – спиење и уживање во храната. Тие се најголемите хедонисти.

Иако податоците варираат од година во година, некако тие се секогаш блиску до врвот. А интересно е и тоа што често се наоѓаат на листите на најпродуктивни земји во развиениот свет.

Зборуваме за Французите, се чини, најмирната нација во светот. Во просек спијат речиси девет часа дневно, а тоа го вклучува и попладневниот одмор. Ова е повеќе од многу други нации, особено Јапонците и Корејците кои најмалку спијат.

Французите се чини дека ја исполнуваат својата репутација на хедонисти и одлични гурмани. По нив на ред се Американците, па дури потоа доаѓаат Шпанците.

Кога станува збор за храната, Французите поминуваат по два часа дневно на маса. Можеби не изгледа многу, но запомнете дека во развиените земји брзата храна и оброците во движење одамна ги замениле традиционалните дружења и уживањето на трпезата.

Многу француски компании се затвораат по два до четири часа секое попладне, така што работниците имаат можност да се одморат и да го поминат времето за ручек со семејството или пријателите.

Исто така, не им е непознато да вежбаат, дури и ако тоа биле некои лесни и „обични“ вежби дома, како што се чучњеви или склекови, без да одат во теретана. Ова секако влијае на квалитетот на сонот.

Очите на светот се вперени во Франција со надеж дека од неа ќе ги добиеме најдобрите совети, без разлика дали се работи за мода, храна или вина.

Exit mobile version