На 31 година луѓето трошат повеќе пари. Ова го покажува студијата спроведена од компанијата ClearScore.
За нивната студија интервјуирале повеќе од 3.000 луѓе од Америка и Европа, а добар дел од луѓето кои биле интервјуирани потрошиле повеќе пари на оваа возраст.
Но зошто?
На оваа возраст, повеќето луѓе почнуваат да трошат пари на работи како:
– брак – 27% од испитаниците;
– нова куќа – 25% од испитаниците;
– раѓање на дете – 20% од испитаниците;
– меден месец – 14% од испитаниците.