Turlitava.com

Куклата Барби како терапија за пациентите со Алцхајмерова болест! Психолог објаснува како помага во лекувањето на деменција

Здравствената резиденција Сан Рафаеле во Лече, Италија, во која се сместени пациенти кои боледуваат од Алцхајмерова болест, почна да им дава на своите пациенти кукли Барби како дел од нивната терапија, со цел да се подобрат когнитивните процеси и визуелниот и физичкиот контакт кај пациентите.

– Терапијата со кукли е дел од таканаречените нефармаколошки интервенции кои се користат во лекувањето на деменција. Тие можат да го подобрат визуелниот и физичкиот контакт, тактилната контрола и преку дијалог со куклата Барби, може да се стимулираат когнитивните процеси и меморијата, да се олесни дијалогот, релацискиот капацитет, да се подобрат релаксацијата и емоционалните процеси, нарушувања во однесувањето и спиењето, раздразливост и чувството на депресија исто така може да се намали – изјавила психологот Марија Ѓовано Пекуто, а пренесува агенцијата Анса.

Пациентите на почетокот не им веруваа на куклите, но набрзо почнаа да се однесуваат кон куклите како никогаш да не престанале да си играат со нив, па почнале да разговараат со нив, да им ги менуваат фризурите и облеката и слично, пишува институцијата Сан Рафаеле.

– Реакцијата беше изненадувачка. Пациентите со Алцхајмерова болест би можеле да изберат кукла со која ќе си играат, а играњето со куклата Барби не е како да градиш со други кукли – изјавила воспитувачката во Сан Рафаел, Ирена Патруно.

Exit mobile version